ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ИЗВЕСТУВАЊА ДО ИНСПЕКТОРАТ ЗА ТРУД КАКО ОБВРСКА НА РАБОТОДАВАЧОТ

Опис

Времетрање и приклучување на обуката (вебинарот):

19 април 2022 (вторник ) со почеток 10:00 часот до 14:30 часот  
(пауза од 12:00 до 12:15)
Учесникот потребно е да попoлни пријавен лист и да го испрати на мејл: info@orm.org.mk  
Линкот за пристап до сесијата ќе ви биде доставен по извршената уплата.


ПРЕДАВАЧИ

Весна Томовска, ВД Директор на Државен инспекторат за труд

Овластено лице за постапување по претставки и предлози, со претходно искуство во приватниот банкарски сектор.

Јован Јовановски – Државен инспектор за труд

Етаблиран професионалец во работењето со долгогодишна успешна кариера во рамки на Државниот инспекторат за труд.

Маја Штерјовска – Одговорен за Индустриски односи и Административни работи во Рамсторе.  Интернационално искуство во областа, како и 13 години искуство со правење на плата.


НАДОМЕСТ ЗА ОБУКАТА

Надоместокот за учество на оваа обука  изнесува 3.900 денари по пријавен учесник. 

За членките на Организацијата на работодавачи на Македонија надоместокот за учество на оваа обука  изнесува 2.900 денари по пријавен учесник .

За пријава на 2 лица од институција следува попустот од 10% на вкупниот износ.


ПРОГРАМА

Учесниците на обуката ќе се стекнат со знаења и вештини за следниве теми:

Закон за работни односи

Работа во недела

  • Задолжителност на утврдување на денот недела како ден на неделен одмор

  •  Кога ден на неделен одмор може да биде друг ден во седмицата?

  • Таксативно и описно определени дејности

  • Права на работниците кои работат во недела: додаток на плата, ден на неделен одмор во наредните седум дена

  • Известување до Државниот инспекторат за труд

  • Инспекциски надзор и прекршочни одредби, забрана на работодавачот за вршење на работа, прекршочен платен налог, прекршочна постапка.

Прекувремена работа

  • Поим и основи за воведување на прекувремена работа;

  • Времетраење на прекувремената работа;

  • Бонус за прекувремени часови;

  • Евиденција на прекувремена работа; 

  • Известување до Државен инспекторат за труд – Преглед на известување;

Работа ноќе

  • Додаток на плата за прекувремена работа;

  • Посебна заштита на работниците кои работат ноќе;

  • Обврски на работодавачот при работа ноќе;

  • Известување до Државен инспекторат за труд – Преглед на известување;

Работа на празник

Закон за празници

  • Поделба на празници;

  • Можност за работа на празник согласно Закон за работни односи;

  • Обврски на работодавачот;

  • Известување до Државен инспекторат за труд – Преглед на известување;

  • Забрана за работа на празник согласно Закон за трговија;

  • Инспекциски мерки за прекршување на одредбите од ЗРО и Закон за трговски друштва за Законот за работа во недела


Закон за трговија

  • Забрана за вршење работа во недела за трговија на големо и мало;

  • ИСКЛУЧОК: дејности кои се изземени од ваквата забрана;

Права на работниците кои работат во недела: Додаток на плата, ден

на неделен одмор во наредните седум дена;

  • Регистрирање на работно време и пријава на работа во недела.


Практични примери при подготовка на плата


ПОДАТОЦИ ЗА ОРГАНИЗАТОРОТ

Oрганизацијата на работодавачи како најголема организација на работодавачи во земјата која е основана во 2004 година, активно партиципира и делува во процесот на креирање на политики во економско социјалната свера. Согласно Решението за репрезентативност издадено од страна на Министерството за труд и социјална политика  ОРМ е единствен партнер од работодавачите на Владата , а со тоа активно учествува во донесувањето на законите од трудовата свера.

Едукативната тренинг платформа е нова услуга која ја разви ОРМ и нуди уникатни, висококвалитетни обуки кои ги вклучуваат сите техники, вештини и знаења кои овозможуваат постигнување успех на професионален план. Е-платформата, со својот уникатен пристап и методологија е една од ретките дигитални платформи за обуки со фокус на компаниите од приватниот но и на јавниот сектор.  Оние кои ќе бидат заинтересирани за деталите и можностите кои ги нуди Е-платформата на Организацијата на работодавачи на Македонија можат да ја искористат можноста да станат дел од истата преку едноставна регистрација на профил на страницата http://www.etp-orm.org.mk/

Што ќе научиш
  • Работа во недела

  • Прекувремена работа

  • Работа ноќе

  • Работа на празник

  • Закон за трговија

  • Практични примери при подготовка на плата


За кого е наменета обуката
  • Специјализираната обуката е наменета за сите вработени лица во правните сектори и секторите за организација и човечки ресурси кои имаат обврска редовно, навремено и целосно да ги следат и примнуваат позитивните прописи од наведените правни регулативи

За организаторот

Организатор
Име : Организација на работодавачи на Македонија
Рецензии : 5 Рецензии
Студент : 74 Студенти
Курсеви : 9 Курсеви

Рецензии

0
Базирано на 0 Рецензии
1 ѕвезди
2 ѕвезди
3 ѕвезди
4 ѕвезди
5 ѕвезди