Постапка за заштита од вознемирување на работното место

Опис

Основни информации за обуката

Во  2013  година  беше  усвоен  Законот  за заштита  од  вознемирување  на  работното место со што се утврди системска основа за превентивно  дејствување  и  процесуирање на  случаите  на  вознемирување  на  работното место.  

Во  Законот  се  содржани  одредбите за  заштита  и  се  пропишани  процедурите  и механизмите  што  им  стојат  на  располагање на  жртвите  на  вознемирување  на  работното место, како и другите прашања кои се однесуваат на спречувањето и заштитата од вознемирување на работно место. Со овој закон се спречува и се заштитува од психичко и полово вознемирување на работното место, односно местото на работа, и се обезбедува здрава работна средина.

Зашто да посетувате онлине обука за ЗРО

Онлине обуката/курсот овозможува слушателите да добијат основни познавања од Законот  за заштита  од  вознемирување  на  работното местои водење на постапката за заштита во случај на вознемирување на работното место.

За кого е наменета

Обуката е наменета за лица вработените во компаниите и раководители на правни сектори и сектори за човечки ресурси, лица вработени во посочените и други сектори и одделенија, како и за сите оние кои пројавуваат професионален интерес за предметната проблематика. 

Кои се придобивките

Учесникот на обуката стекнатото знаење можат да го применат на своето работно место. Слушателите на обуката ќе се стекнат со Сертификат за учество на обука за Законот  за заштита  од  вознемирување  на  работното место. 

Сертификатот се добива по завршување на обуката.

Времетрање на обуката по модули и работни материјали

Обуката за „Постапка за заштита од вознемирување на работно место“  е во времетраење од 33 минути. Учесникот потребно е да се најави на Едукативна тренинг платформа на ОРМ и потоа откако ќе се регстира со внесување на своја е-маил адреса и лозинка ќе може да ја следи обуката во време кое најмногу му одговара.

Работните материјали ќе бидат достапни во електронска форма.


Програма на обуката

    • Дефиниција 
      • Видови на вознемирување
        • Кој може да биде заштитен од вознемирување
          • Постапка за заштита од вознемирување кај работодавачот
            • Содржина на барањето
              • Рокови за поднесување

              Времетраење: 33 мин.

              Предавач: проф. д-р Зоран Михајлоски 


              Програмска поддршка и материјали

              Обуката е дигитализирана со снимен видео материјал и презентација. 


              Дополнителни информации и материјали од областа на Законот за заштита од вознемирување на веб страната: Линк.

              Предавач

              A person in a suit

Description automatically generated with medium confidence

              Проф. д-р ЗОРАН МИХАЈЛОСКИ, Доктор на правни науки - Правниот факултет „Јустинијан Први“, катедрра за деловно право, во Скопје, од 14.07.2009 со докторска дисертација на тема: “Правниот статус на деловните лица. Судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови, од 2002  до 2015 година. Председател на специјализиран совет за работни спорови и Раководител на оддел за работни спорови. Постојан едукатор на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, по наставните предмети трудово право и парнично право, од 2007 година и Координатор на постојните едукатори  на Академијата за обука на судии и јавни обвинители, по наставните предмети од граѓанската област. Едукатор на правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на националните работни  законодавства, ноември 2008 година. Вонреден професор на Правниот факулет на Универзитетот Американ Колеџ Скопје од јуни 2014 година и Координатор и ментор на Докторски студии на Правниот факулет на Универзитетот Американ Колеџ Скопје од јуни 2017 година. Член на Уредувачки одбор на стручното списание „Правник“. 

              Својата прва книга „Колективни договори“ ја објавува со посредство на Агенцијата „Академик“ во 2007 година. Со посдрество на книгоиздавателската куќа „ Спектар“, го објавува својот научен труд  „Правниот статус на деловните лица“ 2010 година. Книгата „Колективни договори - теорија и практика“ ја објавува во 2010 година, преку книгоидавателската куќа „Спектр“. Објавил повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право и тоа: Понуда на нов променет договор пред отказ, Правник, посебен додаток, судска пракса, 2007; Откажување на договорот за вработување од деловни причини, Правник, посебен додаток, судска пракса, 2007; Работно-правниот статус на менаџерите, Правник, посебен додаток, судска пракса, 2007; Аспекти од судската пракса за споровите од работните односи, Деловно право, Здружение на правници на Република Македонија, 2008 година; Колективно договоарање и колективни договори, Судска ревија, Наградување на менаџерите, Судска ревија; Примена на чл.78 од законот за работните односи, Правник; Имплементација на Конвенцијата за заштита од дискриминација на МОТ во националните законодавства, Заклучок од семинар на судии кои постапуваат по спорови од работен однос, Барселона, Шпанија, Октомври 2008; Работните односи во практиката на редовните судови, Деловно право, октомври 2010 година; Партиципација на вработените во управување со друштвото, Судска ревија, 2010 година; Сличности и разлики помеѓу измената на договорот за вработување и понудата на нов променет договор пред отказ, Деловно право, октомври 2011.

              Што ќе научиш
              • Учесникот на обуката стекнатото знаење можат да го применат на своето работно место. Слушателите на обуката ќе се стекнат со Сертификат за учество на обука за Законот за заштита од вознемирување на работното место. Сертификатот се добива по завршување на обуката.


              За кого е наменета обуката

              За организаторот

              Организатор
              Име : Организација на работодавачи на Македонија
              Рецензии : 5 Рецензии
              Студент : 75 Студенти
              Курсеви : 9 Курсеви

              Рецензии

              0
              Базирано на 0 Рецензии
              1 ѕвезди
              2 ѕвезди
              3 ѕвезди
              4 ѕвезди
              5 ѕвезди