Придобивките од физичката активност на работно место
Опис
Почитувани,
Организацијата на работодавачи на Македонија во сорабоката со претставници од Министерството
за здравство, Институтот за медицина на трудот, Факултетот за физичко образование, спорт и здравје,
Здружението за спорт (Sport Social Solutions ) и нашите членки ЕВН груп електродистрибуција доел и
Еуроникел индустри доо организираат бесплатна обука за важноста и придобивките на физичката
активност на работносто место.
Според Европската Агенција за безбедност и здравје при работа, промоцијата на здравјето на
работното место е колективен напор на работодавачот, работникот и општеството кое цели кон
подобрување на здравјето и благосостојбата на работниците.
Работната популација е активното јадро на секое општество, па развојот и имплементацијата на
стратегии и програми за промоција на физичката активност, како алатка за справување со
седантерниот животен стил, се неопходни елементи во превенцијата на презентизмот, апсентизмот и
намалената продуктивност на работното место, како и појавата на болестите во врска со работата,
значително финансиски оптоварувајќи ги здравствените системи. На тој начин, ваквите стратегии и
програми имаат двојна корист- и за самите работници (на индивидуално ниво), но и за работното
место (на ниво на работната организација).
Во време на дигитална ера каде современиот начин на живот не дозволува многу слободно време за
рекреативни активности и оттаму практикување на физичка активност според препораките на СЗО е
на незадоволително ниво, потребно е да се креираат стратегии и програми кои можат да се
имплементираат онаму каде широк опсег на лица го поминува најголемиот дел од своето време а се
однесува на работното место. Оттаму, особено важно е да се промовира физичката активност на
работното место со цел да се компензира за недостатокот на слободно време посветено на спорт и
рекреација
Подготвените пораки се наменети кон различни фокус групи, притоа фокусирајќи се на пораки за
промоција на физичка активност пред се, насочени кон работници кои имаат седентарен вид на
работа и нивните работодавачи со цел поголема поддршка за развој на нови и евентуално
субвенционирање на постојни програми.
Цели на обуката
1. Да се презентират добрите практики со фокусирани препораки за важноста на физичката
активност на работно место
2. Презентирање на сет вежби за седентарен начина на работа со опис на бенефитите од
практицирањето на тие вежби
3. Да се дискутира понатамошна соработка и имплементација на препораките од експертската група
и како тоа да се имплемнтира на ниво на работни организации
Што ќе научиш
За кого е наменета обуката
За организаторот
