Зајакнување на капацитетите на водството во воспитно образовни организации и институции

Опис

ПРЕДАВАЧ

д-р Весна Дамчевска Илиевска,  дипломиран психолог, доктор на мир и развој, експерт од областа на ненасилната комуникација, справувањето со конфликти и лидерството во воспитно - образовните организации и институции. 

Од професионалното портфолио, значајно е да се нагласи искуството на предавачот како:

Директор на основни училишта,

Обучувач за директори,

Мастер тренер во Програма за зајакнување на капацитетите на Училишноте одбори,

Мастер обучувач во Програма за меѓуетничката интеграција во образованието,

Предавач во високообразовна институција во областа на Кризен менаџмент,

Автор на стручни трудови објавени во меѓународно списание,

Автор на книга од областа на лидерството.



НАДОМЕСТ ЗА ОБУКАТА

Надоместокот за учество на оваа обука  изнесува 2.900,00 денари по пријавен учесник. 

За пријава на 2 лица од институција следува попустот од 10% на вкупниот износ.


ПРОГРАМА

Учесниците на обуката ќе се стекнат со знаења и вештини за следниве теми:

Процес на планирање и одлучување

Креирање на заедничка визија и мисија

Подигнувањето на вештините на донесување на одлуки од страна на водството. 

Дефинирање на приоритети

Самоевалуација, саморефлексија, развој


 Обезбедување на квалитет

Целокупното управување кое ја определува и спроведува политиката за квалитет 

Планирани и систематски мерки неопходни за исполнување на барања за квалитет 

Креирање на систем за следење и вреднување на квалитет 

Креирање на програма за квалитет: документ кој содржи специфични мерки во областа на квалитетот и поединечни активности за секое поле на работење.


Управување со луѓето во услови на криза

Стекнување на знаења за управувањето со човечките ресурси во услови на криза

Подигнување на способноста да се препознае и креира систем

Разликување на најважните принципи на управувањето во кризи; 

Разбирање на стратегиите и планирањето на активностите на човечките ресурси


Доктрина и стратегија на мировен менаџмент

Мировно управување со конфликтите

Модел на интерактивно конфликтно партнерство

Справување со негативни емоции- самовладеење

Градење на партнетство со родителите


ПОДАТОЦИ ЗА ОРГАНИЗАТОРОТ

Oрганизацијата на работодавачи како најголема организација на работодавачи во земјата која е основана во 2004 година, активно партиципира и делува во процесот на креирање на политики во делот на образованието. Согласно Решението за репрезентативност ОРМ е единствен партнер на работодавачите на Владата, а со тоа и на Министерство за образование (МОН). Во соработкта со МОН активно учествуваме во креирањето на сите политики на национално ниво, како што се: Стратегијата за образование, Стратегијата за претприемничко учење, Законот за Националната рамка на квалификации.

Едукативната тренинг платформа е нова услуга која ја разви ОРМ и нуди уникатни, висококвалитетни обуки кои ги вклучуваат сите техники, вештини и знаења кои овозможуваат постигнување успех на професионален план. Е-платформата, со својот уникатен пристап и методологија е една од ретките дигитални платформи за обуки со фокус на компаниите од приватниот но и на јавниот сектор.  Оние кои ќе бидат заинтересирани за деталите и можностите кои ги нуди Е-платформата на Организацијата на работодавачи на Македонија можат да ја искористат можноста да станат дел од истата преку едноставна регистрација на профил на страницата http://www.etp-orm.org.mk/. 


Што ќе научиш
  • Процес на планирање и одлучување

  • Обезбедување на квалитет

  • Управување со луѓето во услови на криза

  • Доктрина и стратегија на мировен менаџмент


За кого е наменета обуката
  • Специјализираната обуката е наменета за директори на основни и средни училишта и градинки, како и за членови на водството на Училишен одбор.

За организаторот

Организатор
Име : Организација на работодавачи на Македонија
Рецензии : 5 Рецензии
Студент : 82 Студенти
Курсеви : 13 Курсеви

Рецензии

0
Базирано на 0 Рецензии
1 ѕвезди
2 ѕвезди
3 ѕвезди
4 ѕвезди
5 ѕвезди