Безбедноста и здравјето при работа

Опис

Основни информации за обуката

Безбедноста и здравјето при работа (БЗР) претставува едно од основните права на работниците, што е утврдено како такво во рамки на конвенциите на Меѓународната организација на трудот, во законодавството на Европската унија, Европската социјална повелба на Советот на Европа, а истото е загарантирано како право и со Уставот на Република Северна Македонија. 

Безбедност и здравје при работа (БЗР) е тема која вклучува многу различни дисциплини и приоди. Иако сега постои повеќе заеднички јазик отколку во минатото, се уште има разлики во разбирањето на целите и значењето на концептите за БЗР, и принципите на кои треба да ја водат својата акција. Овој недостаток на заедничко разбирање го попречува формирањето на заедничка перспектива и основа за плодна работа за заштита при работа. Овие модули, освен што се алатка за учење, има за цел да послужат како корисна референца во овој поглед. Главните принципи и концепти на заштитата при работа, се дадени во различни конвенции и препораки усвоени од страна на Меѓународната конференција на трудот, како и други документи на Меѓународната организација на трудот (МОТ), како што се кодекси на однесување, решенија и водичи, но најмногу од сè, во Енциклопедијата на здравјето и безбедноста на МОТ. На ова ниво треба да се разбере како еден тим треба да работи на ефективен и ефикасен начин и да се вклучи секој вработен во тимска работа.


Зашто да посетувате онлине обука за БЗР

Онлине обуката за БЗР овозможува слушателите да добијат одговори на клучните теми важни за управување со системите за безбедност и здравје при работа на ниво на компанија. Дополнително вклучува разјаснување на клучни прашања кои се однесуваат на имплементирање на политиките за БЗР на национално ниво и ниво на претпријатие. Темите по 9 модули даваат јасен преглед кој ги опфаќаат оперативните аспекти за БЗР со детални делови за: Законот за безбедност и здравје при работа, Систем за управување со БЗР, Безбедносни барања - Работна средина, средства за работа и опрема за работа, Изјава за безбедност и проценка на ризик, Лична заштитна опрема, Следење на здравствената состојба на вработените, Повреда при работа и Евиденција од областа на безбедност и здравје при работа, БЗР комуникација со засегнатите страни – стручни лица за БЗР, претставници на работници за БЗР, синдикални претставници, инспекциски надзор и Економски аспекти на БЗР.


За кого е наменета

Модулите на основно ниво на обуката за БЗР треба да се однесуваат за сите вработени како и стручни лица, претставници на вработени, синдикален претставник, работодавачи, менаџери во компании, кои започнуваат да делуваат и работат во областа на безбедноста и здравјето при работа. 

Во модулите на ова ниво треба да се разјаснат основните аспекти на безбедноста и здравјето при работа.


Кои се придобивките

Учесникот на обуката стекнатото знаење можат да го применат на своето работно место. Сертификатот кој се добива по завршување на обуката ќе им користи на слушателите како одлична референца во своето портфолио за стекнато основно ниво во областа на БЗР. 

Времетрање на обуката по модули и работни материјали

Обуката за БЗР има 9 модули кои се во траење од 11 часа и 6 минути. Учесникот потребно е да се најави на Едукативна тренинг платформа на ОРМ и потоа по направената уплата ќе може да ја следи обуката во време кое најмногу му одговара.

Работните материјали ќе бидат достапни во електронска форма.

Цели на учење


  1. Добивање на темелно (основно) познавање на безбедноста и здравјето при работа (БЗР), нејзината дефиниција и принципи;
  2. Закон за БЗР и подзаконски акти за безбедности и здравје при работа (на  национално и меѓународно ниво)
  3. Профил на стручно лице, претставник на вработени, синдикален претставник,   професија - опис и попис на работни обврски, одговорности, едукација  (дефинирање на професионалец за БЗР: знаење, специјализација, интелектуална  и индивидуална одговорност и добро развиена свесност и групна тимска работа)
  4. Соработка со трудовата инспекција
  5. Соработка со доктори по медицина на трудот
  6. Формирање на тимови (по сектори, одделенија, погони, работни места) –  основни познавања за нивна инволвираност при имплементирање на Законот за  БЗР




Програмска поддршка и материјали


Обуките се дигитализирани, со снимен видео материјал. Презентациите се поставени на самиот видео модул. Тестот за проверка на знаење поставен е онлине и достапен до слушателите на обуката по завршување на одреден материјал од обуката. 

Дополнителни информации и материјали од областа на безбедноста и здрвајето при работа на веб страната: https://mzzpr.org.mk/

Публикации од областа на безбедноста и здравјето при работа на следниот линк: https://mzzpr.org.mk/category/публикации/ 

Сите Информации во врска со корона вирус COVID19: https://mzzpr.org.mk/category/covid-19/ 


Предавачи: 



Ангел Димитров, дипломиран економист, Извршен директор на текстилната компанија АД „МОДА“ Св.Николе и Претседател на Собрание на Организација на работодавачи на Македонија 


Дипломиран економист, кој веднаш по завршувањето на студиите започнува практично да го применува своето знаење во приватниот сектор. Од 1984 година станува Извршен директор на текстилната компанија АД „МОДА“ Св.Николе и Управител на ДОО „Камотекст“ Св.Николе. Своите успеси во текстилната индустрија го бележи речиси 40 години и продолжи континуирано да дава свој придонес во приватниот секторот во Македонија и во странство.

Во 2008 година активно се вклучува во Организацијата на работодавачи на Македонија како член на Управниот одбор и заменик претседател, за да подоцна во 2012 година биде избран како Претседател на ОРМ. Одговорноста на работодавачите во градењето на политиките за развој на стопанството и водењето на социјалниот дијалог на сите нивоа за создавање на подобра работна клима е интерес на секој работодавач и како претседател на ОРМ секогаш бил подготвен да ги слушне барањата на работодавачите. Активен е како претседател и член на Економско социјалниот совет каде дава свој личен придонес кон развој на социјалниот дијалог и градење на заедничките ставови со цел да креираме политики постигнувајќи консензус за општо добро.

Со своето 38-годишно работно искуство во менаџирањето, 10 годишно искуство како претседател на ОРМ како и 4 годишното искуство како пратеник  во Собранието на РМ се уште една потврда за сеопфатното знаење и практичната примена на легислативата во поглед на Законот за работни односи, Законот за безбедност и здравје при работа. Од друга страна како претседател на Собрание на ОРМ директно е вклучен во преговорите со социјалните партнери за Општиот колективен договор како претставник на работодавачите и социјален партнер достоен да го унапредува дијалогот со Синдикатите и со Владата, но и да ја интензивира соработката со останатите партнери во земјата и во странство.



A person wearing glasses

Description automatically generated with medium confidence


д-р Елисавета Стикова, професор на медицински факултет и советник во Институтот за Јавно Здравје на РМ 


Редовен професор по медицина на труд на Медицинскиот, а во одредени периоди и на 4 други факултети на УКИМ. Била ангажирана како визитинг професор во областа на професионалното и јавното здравје и медицината на трудот на 4 од најпрестижните медицински факултети, рангирани меѓу првите 100 во светот и тоа Универзитетот во Шефилд (Англија), Јагелонскиот униврзитет во Краков (Полска), Универзитетот во Питсбург (САД) и на Универзитетот Мк Гилл во Монтреал (Канада), а неколкупати и како предавач на Институтите за напредни студии на програмата Наука за мир и безбедност на НАТО. 7 години го раководи Републичкиот завод за здравствена заштита (сега Институт за јавно здравје на РМ), а во 2009 година во рамките на истата институција го формира Одделенито за медицина на труд и проценка на здравствени ризици, кое полека прераснува во најголема организациона единици од областа на професионалното здравје и медицината на трудот кај нас, во кое денес работат 10 здравствени работници и соработници, од кои 4 специјалисти и еден специјализант по медицина на труд. Одделенито под раководство на Прпф. Стикова се профилира кон обезбедување на услугите од областа на професионалното здравје кои произлегуваат од Конвенциите на МОТ и Директивите на ЕУ од кои произлегува и Законот за бeзбедност и здравје на работа. Проф. Стикова била член на тимот за проценка на влијанието врз здравјето, ранливоста и адаптација во Првата Национална комуникација на ООН за климатски промени. Како национален експерт за хемикалии и здравје на УНДП, таа  лидер на тимот за проценка на здравјето во подготовката на Стратешкиот меѓународен пристап во управувањето со хемикалиите (SAICM). Раководител е на истражувачкиот проект на МОН за управување со квалитетот и заштитата на работа во радилогијата во РМ, како и на национален претставник/координатор на 10-тина други меѓународни истражувачки проекти од областа на мониторингот на професионалните болести, професионалното здравје и индустриската хигиена.  Таа е автор на 3 високошколски учебника во нејзиното поле на работа, уредник и автор на други 20-тина книги, водичи за добра практика  и поглавја во книги, како и на повеќе од 200 трудови и соопштенија публикувани и презентирани  во национални и меѓународни списанија и на научни конференции.



м-р Снежана Јанкова Петковска, дипл.инж.по заштита при работа, стручно лице по безбедност при работа


Магистер по технички науки, Управител на Друштво за проектирање, инженеринг и усклуги ПРОГЕНЗ ДОО – Скопје. Како стручно лице за безбедност при работа е вклучена во изработката на барањата за признавање на стаж на осигурување кој се смета со зголемено траење (бенефициран стаж), рецензија и ревизија на истите, вршење на проценка и изготвување на извештаи на комфорност во работна средина (микроклиматски услови, физичко-хемиски штетности), планирање, изготвување и испорачување на обуки на вработените за безбедност и здравје при работа, изготвување на акти за лична заштитна опрема. Како обучувач подготвува и реализира обуки на претставници на работниците за безбедност и здравје при работа – во соработка со Сојузот на синдикати на Македонија и гранковите синдикати, испорака на обуки за проценка на ризик на членовите на Конфедерација на работодавачи и Организација на работодавачи на РМ, ревизор за заштита при работа во текстилната индустрија – Fair Ware Foundation – Холандија, афирмација на безбедноста и здравјето при работа во општеството, учествува во изготвување на законски и подзаконски акти во областа на безбедност и здравје при работа, како и креирање на кодексот за заштита при работа, организирање, испорака и фацилитирање на семинари со разни содржини од областа на безбедност и здравје при работа, издавање на првото професионално списание за заштита при работа “Заштита при работа” во соработка со Рударски Институт – Скопје, објавување на написи во дневен печат, раководител на проекти подржани од Кралството Норвешка, а спроведуван во соработка со Сектор за европски прашања и Министрество за труд и социјална политика, учество на тркалезни маси со учество во дискусии на теми поврзани со тековни  прашања од областа на безбедност и здравје при работа. Публикации во кои ги објавува своите трудови: Методологија за проценка на ризик при работа про изложеност на SARS CoV 2, Регионална стратегија за безбедност и здравствена стратегија на земјите западен  Балкан 2019/2023, Практичен водич за граѓанските организации во процесот на креирање јавни политики, Економски ефекти од спроведувањето на проектот за безбедност и здравје при работа во индустријата за облека, Прирачник за безбедност и здравје при работа “БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА, Прирачник за претставници на работниците за заштита при работа во текстилната индустрија, Заштита при работа, Лични заштитни средства и европска регулатива и останати.  


A person with a beard

Description automatically generated with medium confidence


м-р Милан Петковски, дипл.инж.по заштита при работа, стручно лице по безбедност при работа 


Магистер по технички науки, магистер по противпожарна заштита, овластен од Архитектонска и инженерска комора на Македонија, со силни менаџерски вештини и догогодишно теоретско и практично искуство во областа на безбедноста и здравјето при работа. Како ревизор спроведува значителен број на социјални ревизии и проценки на ризик. Директно учествува (уште во 1998 г.) во креирање и подготовка на Закон за безбедност и здравје при работа (2007 година) и неговите измени и дополнувања 136/11, 23/13 и 25/13, како и неколку подзаконски прописи во Република Македонија. Иницирани постдипломски студии за безбедност и здравје при работа во

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Македонија, како и асистира во процесот на акредитација на овие студии од IOSH. Инициран сектор за БЗР во рамките на Архитектонската комора на Македонија и инженери. Од 2004 г. е претседател на Македонско здружение за заштита при работа и се залага за создавање превентивна култура на сите нивоа во општеството, подршка за создавање на пристојно работно опкружување на национално и регионално ниво, промовирање на безбедноста и здравјето при работа преку професионализација, креирање на политика за БЗР, управување со здравјето и управување со противпожарна безбедност, креирање на процедури за БЗР и противпожарна заштита на компаните,  дизајн на буџет за БЗР и управување со проекти, комуникација и соработка со сите социјални партнери, граѓански организации и државни институции и социјална ревизија. Од 2016 година раководи како проект менаџер со проект финансиран од Европската Унија кој се спроведува во 5 ИПА земји: Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Косово, и тим составен од 5 организации од сите наведени ИПА земји. До 2019 г. е Фокал поинт менаџер за Македонија на Европската Агенција за безбедност и здравје при работа. Како член на Советот за безбедност и здравје при работа учествува во координација на активностите на националното национално за безбедност и здравје при работа, работа на Националната стратегија и план за имплементација на БЗР. Долгогодишно работно искуство како менаџер за безбедност и здрваје при работа во телекомуникацискиот сектор - Телеком Словенија, Космофон, ОТЕ Гру. Публикации во кои ги објавува своите трудови: Методологија за проценка на ризик при работа про изложеност на SARS CoV 2, Регионална стратегија за безбедност и здравствена стратегија на земјите западен  Балкан 2019/2023, Практичен водич за граѓанските организации во процесот на креирање јавни  политики, Економски ефекти од спроведувањето на проектот за безбедност и здравје при работа во индустријата за облека, Прирачник за безбедност и здравје при работа “БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА, Прирачник за претставници на работниците за заштита при работа во текстилната индустрија, Заштита при работа, Лични заштитни средства и европска регулатива и останати.   


Цена на обуката

Следење на онлине обука за еден учесник изнесува 10 000 денари.
За компаниите кои се членки на ОРМ изнесува ------ денари.



Програма на обуката


Модул 1: Закон за безбедност и здравје при работа

Содржина:

  1. Основни одредби
  2. Општи обврски на работодавачот
  3. Други обврски на работодавачот
  4. Права и обврски на работниците
  5. Претставик на работниците за БЗР
  6. Совет за безбедност и здравје при работа
  7. Овластување
  8. Надзор
  9. Прекршочни одредби


Времетраење: 2 ч. 07 мин.

Предавач: Ангел Димитров, Претседател на Организација на работодаваци на Македонија


Модул 2: Систем за управување со БЗР 

Содржина:

  1. Национална рамка за системи за управување со безбедност и здравје при работа
  2. Системи за управување со заштитата при работа во организацијата
  3. Политики
  4. Организирање
  5. Планирање и реализација
  6. Оценување
  7. Активности за подобрувања


Времетраење: 1ч 22 мин

Предавач: М-р Милан Петковски, д.и.ЗПР, Стручно лице за безбедност при работа


Модул 3: Безбедносни барања - Работна средина, средства за работа и опрема за работа 

Содржина:

  1. Минимални барања за безбедност и здравје на вработените на работниот простор и работните услови (бучава, вибрации, микроклиматски услови, осветлување, хемиски штетности, психофизиолошки штетности итн.) 
  2. Минимални барања за безбедност и здравје на опремата за работа од страна на вработените на работа


Времетраење: 1ч 40 мин.

Предавач: М-р Снежана Јанкова Петковска, д.и.ЗПР, Стручно лице за безбедност при работа



Модул 4: Изјава за безбедност и проценка на ризик (идентификација на опасности/штетности и извори, нивна квантификација, предлог мерки) 

Содржина:

  1. Што претставува Проценка на ризик и Изјава за безбедност
  2. Законска основа за изработка на Проценката на ризик
  3. Содржина на Изјавата за безбедност и опфат на Проценката на ризик
  4. Фази на изработка изјавата за безбедност и проценка на ризик
  5. Препознавање и утврдување на опасности и штетности и нивни извори
  6. Проценка на ризикот и предлог безбедносни мерки 
  7. Управување со ризикот, следење и преглед
  8. Ревизија и контрола на проценката на ризик


Времетраење: 1ч 40 мин

Предавач: М-р Снежана Јанкова Петковска, д.и.ЗПР, Стручно лице за безбедност при работа



Модул 5Лична заштитна опрема (ЛЗО) 

Содржина:

  1. Законска основа за БЗР поврзана со лична заштитна опрема 
  2. Што е лична заштитна опрема 
  3. Кои услови треба да ги исполнува личната заштитна опрема
  4. Избор на лична заштитна опрема
  5. Стандарди на лична заштитна опрема


Времетраење: 1ч 10 мин

Предавач: М-р Снежана Јанкова Петковска, д.и.ЗПР, Стручно лице за безбедност при работа



Модул 6: Следење на здравствената состојба на вработените

Содржина:

  1. Индустриска хигиена, професионално здравје и медицина на труд
  2. Служби за здравје на работа, ресорна надлежност
  3. Професионални штетности и болести
  4. Експозиција и апсорбција еколошки/биолошки мониторинг
  5. Прибирање, обработка и анализа на податоците
  6. Класификација на професионални штетности
  7. Медицински превентивни прегледи – видови и цели
  8. Листа на професионални болести
  9. Компензации во случај на повреда на работа или професионална болест


Времетраење: 1 час и 30 мин.

Предавач: Проф. Др. Елисавета Стикова, Медицински факултет, Институт за јавно здравје на РМ



Модул 7Повреда при работа и Евиденција од областа на безбедност и здравје при работа

Содржина:

  1. Национални Законски прописи и стандарди со кои се опфатени ПОВРЕДИТЕ
  2. Извори и причини за настанување на повреди при работа
  3. Главни активности на превенција
  4. Постапка по настаната повреда при работа 
  5. Зошто да се истражува повредата при работа
  6. Законска основа за евиденција за од областа на БЗР


Времетраење: 1ч 41 мин

Предавач: М-р Снежана Јанкова Петковска, д.и.ЗПР, Стручно лице за безбедност при работа



Модул 8БЗР комуникација со засегнатите страни – стручни лица за БР, претставници на работници за БЗР, синдикални претставници, инспекциски надзор

Содржина:

  1. Што е информирање и консултирање? 
  2. Важноста на добра комуникација 
  3. Канали на комуникација 
  4. Информирање / Известување за ризикот 
  5. Препораки за ефективна комуникација


Времетраење: 37 мин.

Предавач: М-р Снежана Јанкова Петковска, д.и.ЗПР, Стручно лице за безбедност при работа



Модул 9Економски аспекти на БЗР

Содржина:

  1. Колку чини една несреќа?
  2. Дали е прифатливо да се ризикува и да се сносат сите последици?
  3. Дали е подобро да се превенира отколку да се лекува?
  4. Последици од настанати повреди на работа, професионални заболувања и несреќни случаи за компанијата и за работниците
  5. Што и како секој од нас може да допринесе и направи за создавање на безбедни услови на работното место и со гордост може да се каже дека свесноста и културата на безбедно работење е на високо ниво?


Времетраење: 39 мин.

Предавач: М-р Милан Петковски, д.и.ЗПР, Стручно лице за безбедност при работа



Предавачи

Ангел Димитровдипломиран економист, Извршен директор на текстилната компанија АД „МОДА“ Св.Николе и Претседател на Собрание на Организација на работодавачи на Македонија 


Дипломиран економист, кој веднаш по завршувањето на студиите започнува практично да го применува своето знаење во приватниот сектор. Од 1984 година станува Извршен директор на текстилната компанија АД „МОДА“ Св.Николе и Управител на ДОО „Камотекст“ Св.Николе. Своите успеси во текстилната индустрија го бележи речиси 40 години и продолжи континуирано да дава свој придонес во приватниот секторот во Македонија и во странство.

Во 2008 година активно се вклучува во Организацијата на работодавачи на Македонија како член на Управниот одбор и заменик претседател, за да подоцна во 2012 година биде избран како Претседател на ОРМ. Одговорноста на работодавачите во градењето на политиките за развој на стопанството и водењето на социјалниот дијалог на сите нивоа за создавање на подобра работна клима е интерес на секој работодавач и како претседател на ОРМ секогаш бил подготвен да ги слушне барањата на работодавачите. Активен е како претседател и член на Економско социјалниот совет каде дава свој личен придонес кон развој на социјалниот дијалог и градење на заедничките ставови со цел да креираме политики постигнувајќи консензус за општо добро.

Со своето 38-годишно работно искуство во менаџирањето, 10 годишно искуство како претседател на ОРМ како и 4 годишното искуство како пратеник  во Собранието на РМ се уште една потврда за сеопфатното знаење и практичната примена на легислативата во поглед на Законот за работни односи, Законот за безбедност и здравје при работа. Од друга страна како претседател на Собрание на ОРМ директно е вклучен во преговорите со социјалните партнери за Општиот колективен договор како претставник на работодавачите и социјален партнер достоен да го унапредува дијалогот со Синдикатите и со Владата, но и да ја интензивира соработката со останатите партнери во земјата и во странство.

д-р Елисавета Стикова, професор на медицински факултет и советник во Институтот за Јавно Здравје на РМ 


Редовен професор по медицина на труд на Медицинскиот, а во одредени периоди и на 4 други факултети на УКИМ. Била ангажирана како визитинг професор во областа на професионалното и јавното здравје и медицината на трудот на 4 од најпрестижните медицински факултети, рангирани меѓу првите 100 во светот и тоа Универзитетот во Шефилд (Англија), Јагелонскиот униврзитет во Краков (Полска), Универзитетот во Питсбург (САД) и на Универзитетот Мк Гилл во Монтреал (Канада), а неколкупати и како предавач на Институтите за напредни студии на програмата Наука за мир и безбедност на НАТО. 7 години го раководи Републичкиот завод за здравствена заштита (сега Институт за јавно здравје на РМ), а во 2009 година во рамките на истата институција го формира Одделенито за медицина на труд и проценка на здравствени ризици, кое полека прераснува во најголема организациона единици од областа на професионалното здравје и медицината на трудот кај нас, во кое денес работат 10 здравствени работници и соработници, од кои 4 специјалисти и еден специјализант по медицина на труд. Одделенито под раководство на Прпф. Стикова се профилира кон обезбедување на услугите од областа на професионалното здравје кои произлегуваат од Конвенциите на МОТ и Директивите на ЕУ од кои произлегува и Законот за бeзбедност и здравје на работа. Проф. Стикова била член на тимот за проценка на влијанието врз здравјето, ранливоста и адаптација во Првата Национална комуникација на ООН за климатски промени. Како национален експерт за хемикалии и здравје на УНДП, таа  лидер на тимот за проценка на здравјето во подготовката на Стратешкиот меѓународен пристап во управувањето со хемикалиите (SAICM). Раководител е на истражувачкиот проект на МОН за управување со квалитетот и заштитата на работа во радилогијата во РМ, како и на национален претставник/координатор на 10-тина други меѓународни истражувачки проекти од областа на мониторингот на професионалните болести, професионалното здравје и индустриската хигиена.  Таа е автор на 3 високошколски учебника во нејзиното поле на работа, уредник и автор на други 20-тина книги, водичи за добра практика  и поглавја во книги, како и на повеќе од 200 трудови и соопштенија публикувани и презентирани  во национални и меѓународни списанија и на научни конференции.

Што ќе научиш
  • Дефинираат основни концепти на безбедност и здравје при работа (БЗР).

  • Опишат човечки и економски последици од несреќи и болести на работа и придобивки од промовирање на заштитата при работа.

  • Опишат главни должности и права на различните засегнати страни во однос на промовирањето на заштитата при работа и клучните меѓународни стандарди на трудот кои се однесуваат на нив;

  • Објаснат начела на ефективни системи за управување со БЗР, за идентификација на опасност, проценка на ризик и контрола на ризикот.


За кого е наменета обуката
  • Модулите на основно ниво на обуката за БЗР треба да се однесуваат за сите вработени како и стручни лица, претставници на вработени, синдикален претставник, работодавачи, менаџери во компании, кои започнуваат да делуваат и работат во областа на безбедноста и здравјето при работа. Во модулите на ова ниво треба да се разјаснат основните аспекти на безбедноста и здравјето при работа.

За организаторот

Организатор
Име : Организација на работодавачи на Македонија
Рецензии : 5 Рецензии
Студент : 75 Студенти
Курсеви : 9 Курсеви

Рецензии

0
Базирано на 0 Рецензии
1 ѕвезди
2 ѕвезди
3 ѕвезди
4 ѕвезди
5 ѕвезди