Зајакнување на капацитетите на водството во воспитно образовни организации и институции
Опис
ПРЕДАВАЧ
д-р Весна Дамчевска Илиевска, дипломиран психолог, доктор на мир и развој, експерт од областа на ненасилната комуникација, справувањето со конфликти и лидерството во воспитно - образовните организации и институции.
Од професионалното портфолио, значајно е да се нагласи искуството на предавачот како:
• Директор на основни училишта,
• Обучувач за директори,
• Мастер тренер во Програма за зајакнување на капацитетите на Училишноте одбори,
• Мастер обучувач во Програма за меѓуетничката интеграција во образованието,
• Предавач во високообразовна институција во областа на Кризен менаџмент,
• Автор на стручни трудови објавени во меѓународно списание,
• Автор на книга од областа на лидерството.
НАДОМЕСТ ЗА ОБУКАТА
Надоместокот за учество на оваа обука изнесува 2.900,00 денари по пријавен учесник.
За пријава на 2 лица од институција следува попустот од 10% на вкупниот износ.
ПРОГРАМА
Учесниците на обуката ќе се стекнат со знаења и вештини за следниве теми:
Процес на планирање и одлучување
Креирање на заедничка визија и мисија
• Подигнувањето на вештините на донесување на одлуки од страна на водството.
• Дефинирање на приоритети
• Самоевалуација, саморефлексија, развој
Обезбедување на квалитет
• Целокупното управување кое ја определува и спроведува политиката за квалитет
• Планирани и систематски мерки неопходни за исполнување на барања за квалитет
• Креирање на систем за следење и вреднување на квалитет
• Креирање на програма за квалитет: документ кој содржи специфични мерки во областа на квалитетот и поединечни активности за секое поле на работење.
Управување со луѓето во услови на криза
• Стекнување на знаења за управувањето со човечките ресурси во услови на криза
• Подигнување на способноста да се препознае и креира систем
• Разликување на најважните принципи на управувањето во кризи;
• Разбирање на стратегиите и планирањето на активностите на човечките ресурси
Доктрина и стратегија на мировен менаџмент
• Мировно управување со конфликтите
• Модел на интерактивно конфликтно партнерство
• Справување со негативни емоции- самовладеење
• Градење на партнетство со родителите
ПОДАТОЦИ ЗА ОРГАНИЗАТОРОТ
Oрганизацијата на работодавачи како најголема организација на работодавачи во земјата која е основана во 2004 година, активно партиципира и делува во процесот на креирање на политики во делот на образованието. Согласно Решението за репрезентативност ОРМ е единствен партнер на работодавачите на Владата, а со тоа и на Министерство за образование (МОН). Во соработкта со МОН активно учествуваме во креирањето на сите политики на национално ниво, како што се: Стратегијата за образование, Стратегијата за претприемничко учење, Законот за Националната рамка на квалификации.
Едукативната тренинг платформа е нова услуга која ја разви ОРМ и нуди уникатни, висококвалитетни обуки кои ги вклучуваат сите техники, вештини и знаења кои овозможуваат постигнување успех на професионален план. Е-платформата, со својот уникатен пристап и методологија е една од ретките дигитални платформи за обуки со фокус на компаниите од приватниот но и на јавниот сектор. Оние кои ќе бидат заинтересирани за деталите и можностите кои ги нуди Е-платформата на Организацијата на работодавачи на Македонија можат да ја искористат можноста да станат дел од истата преку едноставна регистрација на профил на страницата http://www.etp-orm.org.mk/.
Што ќе научиш
-
Процес на планирање и одлучување
-
Обезбедување на квалитет
-
Управување со луѓето во услови на криза
-
Доктрина и стратегија на мировен менаџмент
За кого е наменета обуката
- Специјализираната обуката е наменета за директори на основни и средни училишта и градинки, како и за членови на водството на Училишен одбор.
За организаторот
