Со поттикнати дискусии до ненасилна комуникација
Опис
д-р Весна Дамчевска Илиевска, дипломиран психолог, доктор на мир и развој, експерт од областа на ненасилната комуникација, справувањето со конфликти и лидерството во воспитно - образовните организации и институции.
Од професионалното портфолио, значајно е да се нагласи искуството на предавачот како:
Психолог во основни училишта
Директор на основни училишта,
Обучувач за директори,
Обучувач во „Програма за зајакнување на капацитетите на семејството – Љубов и граници“
Обучувач за наставници во „Програма за формативно и сумативно оценување“
Мастер тренер во „Програма за зајакнување на капацитетите на Училишните одбори“
Мастер обучувач во Програма за меѓуетничката интеграција во образованието,
Предавач во високообразовна институција во областа на Кризен менаџмент,
Автор на стручни трудови објавени во меѓународно списание,
Автор на книга од областа на лидерството.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА
Специјализираната обуката е наменета за директори, наставници, стручни соработници, членови на Училишни одбори и Совет на родители, на основни и средни училишта и градинки. Учесниците добиваат Сертификат за посетена обука.
НАДОМЕСТ ЗА ОБУКАТА
Надоместокот за учество на оваа обука изнесува 3.300,00 денари по пријавен учесник. За пријава на 2 лица од институција следува попустот од 10% на вкупниот износ.
ПРОГРАМА
Учесниците на обуката ќе се стекнат со знаења и вештини за:
- Развој на личен и професионален план
- Креирање на модели на превенција и справување со насилството во сите негови облици.
- Стекнување на вештини за справување со негативните емоции: лутина, гнев и бес.
- Развивање на самосвест за сопствените вредности, предизвици и одговорност,
- Професионална комуникација со колеги, претпоставени, со ученици и родители, како и со окружувањето.
- Градење на мрежа на взаемност, поддршка, самовладеење, социјална свест, емоционална писменост, интерперсонални вештини и донесување одлуки.
Што ќе научиш
За кого е наменета обуката
За организаторот
